Правила за користење

Користењето на сервисите на iHost.mk, понатака именуван како iHost подразбира дека се сложувате со условите наведени подолу.

1. Услови за регистрација и користење на .мк домени

Согласно правилникот за регистрација на македонските домени и поддомени (.mk или .com.mk или .net.mk ), регистрантот поднесува барање за продолжување на регистрација на доменот до Регистрарот и тоа најмалку 15 дена пред истекот на времето за регистрација на следната e-mail адреса: info [at] ddhost.mk.

Доколку доменот не биде обновен до датумот на регистрација, влегува во заштитен период од 120 дена и во тој период не може да се прави промена на податоците на доменот.
Ако доменот не се обнови во првите 60 дена од заштитениот период, доменот се брише од .mk зоната, но не може да се регистрира од страна на друг регистрант.
По истекот на останатите 60 дена од заштитениот период (или вкупно 120 дена) доменот се брише и може да се регистрира од страна на друг регистрант.

iHost не ја гарантира валидноста на одредено домен име. Доколку од било која причина на денот на регистрација на името тоа не е слободно, iHost не превзема одговорност и го информира клиентот дека соодветниот домен не е слободен за регистрација. Клиентот може да одбере друго домен име или пак во целост да му бидат вратени уплатените средства.

Датумот на истекот на доменот е заведен во системот на iHost. iHost по сопствена волја може да го известува клиентот одреден период пред истекот на доменот, односно да испраќа известувања пред истек се со цел клиентот да изврши навремена обнова на доменот. Клиентот е должен истиот да го обнови пред истекот на датумот. Во спротивнвлегува во заштитен период од 120 дена и во тој период не може да се прави промена на податоците на доменот.

iHost не се смета за одговорен доколку поради технички или друг тип на проблеми со Македонскиот регистар (Марнет) е оневозможена функционалноста на македонските домени.

iHost го задржува правото да изврши промена на цената за регистрација и цената за обнова на домен името во било кое време без претходни известувања.

Во случај на приговор на трети лица или во случај на спор помеѓу трето лице и корисникот на доменот (кој произлегува од злоупотреба на домените опишано во претходните точки), iHost не се смета за одговорен према засегнатите страни во спорот, туку ги упатува на решавање на спорот.

Називот на доменот не смее да биде еднаков со заштитен жиг, име, бренд, трговска марка и сл., освен ако клиентот што сака да го регистрира доменот е сопственик на заштитниот жиг, име, бренд, трговска марка и сл. Називот на доменот не смее ниту да содржи имиња за кои според позитивните прописи во РМ е потребно одобрение од надлежен орган за употреба на тие имиња, освен во случаите кога тоа име е содржано во регистрираниот назив на фирмата на клиентот (доколку е правно лице) на доменот, односно клиентот.

2. Подесување на акаунтот (корисничка сметка)

Вашиот акаунт ќе биде подесен веднаш штом плаќањето биде извршено. Вие сте должни да ни обезбедите валидна и-мејл адреса преку која ќе можеме да ве контактираме и да се грижите таа секогаш да биде ажурирана. iHost не е одговорен доколку дојде до прекин на услугите поради внесена невалидна и-мејл адреса. Давањето на погрешни контакт информации од било кој тип е најстрого забрането и може да резултира со суспензија на акаунтот.

3. Употреба на сметката

Имателите на сметка се одговорни за нивната лична сметка со оглед на фактот дека ние не можеме да бидеме одговорни за било каков губиток или оштетување на фајловите, датотеките или податоците кои ќе резултираат од тоа што имателот на сметка ќе дозволи трета страна да има пристап до неговата сметка.

4. Содржина

Користењето на нашите сервиси за повреда на било која трговска марка или авторско право е забрането. Тоа вкучува но не е лимитирано на неавторизирано копирање на музика, книги, фотографии или други авторски заштитени дела. Понуда за продажба на фалсификувана стока на заштитена трговска марка ќе резултира со итно бришење на вашиот акаунт.

Доколку верувате дека вашето авторско право или трговска марка е злоупотребена, ве молиме контактирајте не на contact@ihost.mk

Примери за неприфатливи материјали на заеднички сервери вклучуваат:

* Topsites
* IRC Scripts/Bots
* Proxy Scripts/Anonymizers
* Pirated Software/Warez
* Image Hosting Scripts (similar to Photobucket or Tinypic)
* AutoSurf/PTC/PTS/PPC sites
* IP Scanners
* Bruteforce Programs/Scripts/Applications
* Mail Bombers/Spam Scripts
* Banner-Ad services (commercial banner ad rotation)
* File Dump/Mirror Scripts (similar to rapidshare)
* Commercial Audio Streaming (more than one or two streams)
* Escrow/Bank Debentures
* High-Yield Interest Programs (HYIP) or Related Sites
* Investment Sites (FOREX, E-Gold Exchange, Second Life/Linden Exchange, Ponzi, MLM/Pyramid Scheme)
* Sale of any controlled substance without prior proof of appropriate permit(s)
* Prime Banks Programs
* Lottery/Gambling Sites
* MUDs/RPGs/PBBGs
* Hacker focused sites/archives/programs
* Sites promoting illegal activities
* Forums and/or websites that distribute or link to warez/pirated/illegal content
* Bank Debentures/Bank Debenture Trading Programs
* Fraudulent Sites (Including, but not limited to sites listed at aa419.org & escrow-fraud.com)
* Mailer Pro
* Broadcast or Streaming of Live Sporting Events (UFC, NASCAR, FIFA, NFL, MLB, NBA, WWE, WWF, etc)
* Tell A Friend Scripts

Содржини за возрасни кои вклучуваат порнографија и други материјали со сексуална аконотација се забранети на било кој сајт хостиран преку нас. Детската порнографија е најстрого забранета, точка. Било кој клиент што ќе стави ваков материјал на неговата/нејзината страна, вклучувајќи го тука и материјалот ставен на серверот а необјавен на веб страната, ќе биде веднаш пријавен на соодветните органи на власта и ќе подлежи на законски санкции за тоа. Ние исто така ќе се подложиме на соработка со секоја владина агенција која што ќе истражува одреден клиент во врска со претпоставки за детска порнографија.

Ваша одговорност е да се осигурате дека скриптите/програмите кои се инсталирани на вашиот акаунт се безбедни и пермисиите на датотеките се соодветно подесени без разлика на методот на инсталација. Кога е можно подесете ги пермисиите на повеќето датотеки на 755 или колку што е можно порестриктивно. Корисниците се единствено одговорни за сите активности кои ќе бидат превземени на нивниот акаунт.

5. Нула толеранција на спам

iHost има нула толеранција на праќање на несакана пошта од нашите сервери. Ова вклучува, но не е ограничено само на: масовно испраќање на промотивни пораки, пропагандни материјали или непожелна комерцијална пошта на било кои групи на општествената заедница. Доколку праќате масовна пошта, имате обврска на примателите на таа пошта да им овозможите да се избришат себеси од вашата листа за масовна електронска пошта.

Го задржуваме правото веднаш да ја деактивираме вашата сметка и да го спречиме понатамошното користење на нашите услуги доколку откриеме вакви активности.

6. Обнова

30 дена пред да истече рокот за кој е закупена сметката, iHost ќе го контактира имателот на сметката. Имателот на сметка ќе ја има опцијата да продолжи да се хостира преку iHost или по истекот на тој месец да му биде откажана сметката. Ако имателот на сметка сака да да го продолжи договорот со iHost, мора да се направи нов договор и на новиот да се назначи новата цена на закупената услуга во време на склучување на новиот договор а не таа што постоела во времето на првичниот договор склучен со нас.

По истекот на рокот за кој е закупена сметката, истата ќе биде суспендирана. Целата содржина на сајтот, иако е суспендиран, остануваат на нашите сервери уште дополнителни 7 дена по истекот на датумот за кој е закупена сметката, за во случај клиентот да сака да го обнови договорот. По истекот на тие 7 дена, сите податоци од сајтот и сметката ќе бидат целосно избришани од нашите сервери и нема да биде можно нивно повторно враќање и употреба.

Сметките за обнова на продуктите и услугите ќе бидат претходно генерирани со цел да се осигураме дека корисникот ќе може навреме да ги подмири финансиските обврски за да продолжи со користењето на хостинг услугите и обнова на доменот.

7. Откажување

Сметките можат да бидат откажени во било кое време. Откажувањата се прифаќаат откако клиентот ќе го побара тоа од нас. Откако ќе го потврдиме барањето за откажување, на клиентот ќе му се даде можност да ги прими сите фајлови од нивната сметка во рок од 7 дена од откажувањето/суспендирањето. Доколку клиентот ја одбере оваа можност, сите фајлови ќе бидат префрлени на оптички медиум од страна на iHost и истиот ќе му биде испратен по пошта. Цената за оваа услуга е 600 денари.

8. Враќање на парите

За да ви ги вратиме парите што сте ги уплатиле за некоја наша услуга потребо е да ја откажете услугата во првите 30 дена од користењето. Парите неможе да бидат вратени додека постапката за откажување не биде завршена.

Постапка за откажување:

1. Побарајте откажување на услугата преку онлајн формата во областа за клиенти.
2. Ќе добиете автоматски имејл дека сме го примиле барањето.
3. Причекајте да добиете уште еден имејл за потврда. (максимум за 48 часа)
4. Одговорете на тој имејл со барање за враќање на парите.
5. iHost ќе ја потврди сумата која ќе ви биде вратена.

Напомена: Враќањето на парите не ги опваќа административните трошоци, трошоците направени за инсталирање на софтвер по ваше барање како и купувањето на домен.
Само акаунти кои се отворени по прв пат можат да бараат враќање на парите. Тоа значи дека доколку претходно сте имале акаунт и сте го затвориле па повторно сте се регистрирале, не ви следува враќање на парите.

9. Заштита на податоци

Резервните копии спаѓаат секогаш на одговорност на клиентот. Ние ќе се трудиме да правиме дневни, неделни и месечни резервни копии на фајловите што се во сопственост на сметката на клиентот, но не гарантираме за сите видови на податоци што ќе бидат дел од сајтот во даден момент. Клиентите можат и самите да си направат резервна копија со помош на алатките за хостирање во контролната табла (контролен панел).

10. Корисничка обврска

Нашите услуги можат да бидат користени само за легални намери - секоја употреба на нашите услуги кои прекршуваат некој закон а на кој подлежиме ние, вие преку вашата локална судска надлежност или било која судска надлежност на кои вие или вашата веб страна подлежите, е строго забранета.
Се додека ги користите нашите услуги, се обврзувате дека нема да објавувате или пренесувате било каква незаконска, заканувачка, злоупотребувачка, навредлива, порнографска, непристојна или на друг начин непожелна информација вклучувајќи без ограничување секој пренос на информација која може да охрабрува криминално дело или прекршување на некој закон.
iHost го задржува правото на крајна одлука за тоа што означува злоупотреба.

11. Без гаранција

Во никој случај iHost не може да биде држен одговорен за било која директна, индиректна, посебна, казнена или консеквентна штета која резултира на било кој начин од употребата или неможноста за употреба на услугите кои ги нудиме, или пак од користењето на веб просторот кој го закупува некој наш клиент.

12. iHost го задржува правото за промена на правилата без претходна најава.

Powered by WHMCompleteSolution

LiveZilla Live Help